„Мурињо и Инзаги ризикуваат први да добијат откази“

1553

Пред почетокот на сезоната во Италија, многу тимови, особено од водечкиот ред, се решија на смени на своите клупи.

Така нови тренери добија Интер, Лацио, Јувентус, Рома, Наполи… Интер го ангажираше Симоне Инзаги, Лацио, пак, се реши за Маурицио Сари, Јувентус го врати Масимилијано Алегри, искусниот Мурињо ја превзеде Рома, додека Наполи се одлучи за Лучијано Спалети.

Искусниот тренер Делио Роси, кој работеше во многу италијански клубови, смета дека Жозе Мурињо и Симоне Инзаги се под најголем притисок да добијат откази во оваа сезона.

„Јас мислам дека Мурињо е прв за отказ. Знам како е да се работи во Рим. Исто така би кажал Инзагу, затоа што нема да му биде лесно во Интер. Тој ја превзеде екипата како шампион, и веројатно ќе остане на клупата само ако освои трофеј“, рече Роси.

ПретходноМален блиску до Дортмунд, Розе има и план „Б“
СледноНе им давал вода и слободни денови на играчите, па доби отказ по 13 меча