Астон Вила остана без првиот дефанзивец најмалку еден месец

113

Централниот бек на Астон Вила, Езри Конса, ќе отсуствува од терените три до четири недели, откако заработи повреда на коленото за време на саботната победа од 5-0 над Шефилд Јунајтед, изјави менаџерот Унаи Емери.

Конса, кој излезе во 59. минута ги започнуваше сите натпревари во Премиер лигата за Вила оваа сезона.

„Тој има истегнување во коленото и нема да биде на располагање. Не знам, три или четири недели повеќе или помалку“, рече Емери пред реваншот од четвртото коло во ФА Купот против Челзи.

ПретходноТренерот на Абердин за Миовски: До сега немам видено играч како него во Премиер-лига!
СледноХалеп со жалба поради суспензијата