Фудбалерите на Баер Леверкузен се пласираа во полуфиналето на Купот на Германија откако вечерва како домаќини го победија Штутгарт со 3:2. Мечот понуди големи возбудувања, затоа што Штутгарт двапати водеше, но Баер успеа да се врати и на крајот да направи целосен пресврт за победа.
Веќе во 11. минута гостите поведоа со голот на Антон и со овој резултат заминаа на пауза. Во 50. минута Андрих израмни на 1:1.
Штутгарт повторно успеа да ја изненади одбраната на Баер и веќе во 58. минута Фухрих постигна нов убав гол за ново водство – 1:2.
Леверкузен повторно тргна во офанзива, а младиот Адли штом влезе во игра успеа да погоди за 2:2.
Во 90. минута Баер успеа да дојде до третиот гол, а Тах погоди за 3:2 и експлозија на трибините!