Фудбалската репрезентација на Нигерија е првиот финалист на Купот на африканските нации откако по изведувањето пенали славеше над селекцијата на Јужна Африка со 5:3. Во регуларниот дел и по продолженијата мечот заврши без победник – 1:1.
Нигерија поведе од пенал во 67. минута. Вилијам Трост-Еконг беше сигурен од белата точка за водство од 1:0.
Јужна Африка тргна на се или ништо, повторно се закани Макгоп, чиј удар заврши крај голот, а во 85-та Виктор Осимене успеа да погоди на другата страна, но голот подоцна беше поништен поради прекршок.
Во 88. минута кога судијата досуди пенал за Јужна Африка, Тебохо Мокоена му донесе израмнување на својот тим.
Во пенал рулетот Мокоена промаши за Ј. Афика во првата серија, а потоа и Макгопа не успеа да погоди, додека Ајна беше единствениот кој промаши за Нигерија.