Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако вечерва на „Вила Парк“ во репризата на мечот од 4. коло ја совладаа Астон Вила со 3:1.
Избраниците на Маурисио Покетино вечерва го одиграа најдобриот натпревар сезонава. Покетино изведе силен состав, исто како и Унаи Емери, но уште од самиот старт се чинеше дека гостите се порасположени и поорганизирани.
Челзи имаше предност од 0:3 се до судиското надополнување, кога Астон Вила успеа да дојде барем до почесен гол.
Головите за „сините“ ги постигнаа Галагер, Џексон и Фернандез, додека почесниот гол за домашните беше дело на Диаби.