Официјално: Џеси Лингард е нов играч на Сеул

129

Јужнокорејскиот клуб Сеул го објави трансферот на Џеси Лингард.

31-годишниот поранешен крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша 2-годишен договор со новиот клуб.

Според корејски извори, Лингард ќе заработува 910.000 фунти годишно.

Поранешниот англиски репрезентативец претходно ги разгледуваше понудите од Саудиска Арабија и Турција, а негов последен клуб беше Нотингем Форест.

ПретходноКлоп ја отфрли можноста на лето да ја преземе Барселона
СледноДенеска во Париз од третиот шешир ги чекаме противниците за новата Лига на нации