По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ во македонската Суперлига со скор од 14 победи од 14 натпревари клубот денеска објави дека се донесени неколку одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плеј-оф натпреварувањето.
Јуниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис, ракометар кој игра на позицијата пивот од редовите на РК Мулти Есенс ќе се пресели во екипата на РК Алкалоид.
Десното крило Мартин Димовски кој во првиот дел од сезоната играше за екипата на РК Мулти Есенс, во пролетниот дел ќе биде дел од екипата на РК Алкалоид.
Голманот Виктор Василевски од екипата на РК Мулти Есенс во плејоф продолжението на сезоната ќе настапува за екипата на РК Алкалоид.