12 земји бараат од ФИФА да ја суспендира репрезентацијата на Израел

73

12 земји од Блискиот Исток бараат сусоензија за фудбалската репрезентација на Израел од сите натпреварувања поради операцијата во појасот Газа. Соодветно писмо е испратено до ФИФА, објавија британските медиуми.

Против учеството на Израел се фудбалските федерации на Палестина, Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ. Покрај ФИФА, писмото е испратено и до регионалните конфедерации, вклучително и до УЕФА.

Репрезентацијата на Израел има шанса да се пласира на Евро 2024 година, затоа што ќе игра низ баражите за последните слободни места на континенталниот шампионат кој ќе започне на 14 јуни.

ПретходноДани Алвес низ солзи: Клекна покрај мене, јас ги соблеков панталоните…..
СледноУЕФА упатство за одржлива инфраструктура! (ФОТО)