На прв поглед, кога парите се во прашање, се чини дека Килијан Мбапе во Реал Мадрид, би заработувал далеку помалку од она што сега го има во ПСЖ.
Но дали е баш така?
Тој во ПСЖ нето годишно според договорот зема 50 милиои евра нето, а во Реал би земал 25 милиони, но за потпис на договор ќе земе 120 милиони евра на 12 рати. Исто така тој ќе заработува и баснословни бонуси за секој одигран меч, за секој постигнат гол, секако за секој трофеј и за многу други работи.
А најголемата заработка ќе ја има од правата поврзани со маркетингот, односно од продажбата на дресовите со неговото име.
И сето тоа кога ќе се собере излегува дека Мбапе сека нема да биде за жалење.