Конгрес на УЕФА: Одобрена стратегијата на УЕФА – Обединети за успех 2024 – 2030!

92

Извршниот комитет на УЕФА на Конгресот во Париз ја одобри Стратегијата на УЕФА 2024-30 „Обединети за успех“. 

Стратегијата обезбедува јасна насока и патоказ за раководење и на УЕФА и на пошироката европска фудбалска заедница и е насочена кон зајакнување на местото на фудбалот во секоја заедница ширум Европа, притоа зачувувајќи ја интегралната врска помеѓу фудбалот од грасрут и елитните натпреварувања.

Се заснова на седум клучни вредности: почит, еднаквост, правичност, отвореност, единство, интегритет и извонредност. 

Систем за дистрибуција на приходи од машки клупски натпреварувања на УЕФА 2024-27

Комитетот го одобри деталниот систем за распределба на приходите за машките клупски натпреварувања на УЕФА 2024-2027 година. Од проектираниот праг од 4,4 милијарди евра: 10% (440 милиони евра) се распределуваат за солидарност со 7% (308 милиони евра) за клубовите кои не учествуваат и 3% (132 милиони евра) за клубовите од квалификациските рунди. Покрај тоа, 25 милиони евра се резервирани за УЕФА Лигата на шампионите за жени и УЕФА младинската лига. Нето износот (по одбивањето на трошоците, солидарните исплати и исплатите на други натпреварувања) се дели помеѓу клубовите – учеснички (93,5%) и УЕФА (6,5%). Од вкупната сума достапна за дистрибуција на клубовите учесници (3,317 милијарди евра), 2,467 милијарди евра (74,38%) ќе бидат распределени на клубовите кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите на УЕФА (и во Суперкупот на УЕФА), 565 милиони евра (17,02%) ќе бидат дистрибуирани до клубовите кои се натпреваруваат во Лигата на Европа на УЕФА и 285 милиони евра (8,60%) до клубовите во Конференциската лига на УЕФА. 

Конгрес на УЕФА 2025 година ќе се оддржи во Белград. Главниот град на Србија беше избран за место за одржување на 49-тиот редовен конгрес на УЕФА на 03. април 2025 година.Следниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА е закажан за 22 мај 2024 година во Даблин, Република Ирска.

На Конгресот во Париз, делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија ја предводи претседателот Муамед Сејдини. 

ПретходноУЕФА упатство за одржлива инфраструктура! (ФОТО)
СледноЧеферин: Нема да се кандидирам за нов мандат!