Прво го сменија статутот на УЕФА за да може Александер Чеферин да се кандидира за уште еден, четврти мандат по ред за претседател, за да потоа тој сите ги шокира со најавата дека нема намера после 2027 година да биде на чело на Европската куќа на фудбалот.
Инаку против менување на статутот на Конгресот на УЕФА во Париз кој се одржа денеска, само Англија била против смена на статутот.
Кога сме кај тоа колку заработил Александер Чеферин од 2017 па до сега како претседател на УЕФА, се шпекулира со сума од 13,5 милиони евра. Сепак ова е бруто сума, а во неа не се пресметани разните бонуси.
Иако очекувано барем според најавите таа сума да била поголема, сепак станува збор за прв човек на најсилната и најважната фудбалската федерација во светот, сепак сумата, барем според шпекулациите е таа, 13,5 милиони евра за седум години и тоа бруто.
Што некаде во просек му доаѓа по два милиони евра годишно, се разбира бруто.