Герет Бејл донел одлуката околку продолжување на својата кариера, откако минатата сезона ја мина во Тотенхем како позајмен играч.
Во изминатите денови се пишуваше дека ќе замине во МЛС или пак дека почнал да размислува за пензија, но репрезентативецот на Велс ќе продолжи да игра и тоа во Реал Мадрид. Со шпанскиот тим има договор до 2022 година.
Заминувањето на Зинедин Зидан и доаѓање на Карло Анчелоти на клупата на Реал ја врати надежта кај Бејл дека може да се избори за место. Италијанскиот тренер беше тој кој во 2013 година го донесе во клубот.
Бејл во дресот на Реал одигра 251 натпревар, постигна 105 гола и 68 асистенции, освои 13 трофеи, четири во Лигата на шампиони и по два во Ла Лига.