РК Еурофарм Пелистер објави дека нов член на клубот е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.
28-годишниот Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.
Висок е 210 сантиметри, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.
Пиеховски потпишал договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.