Ракометниот клуб Амичитиа од Цирих и моментално најдобриот стрелец Мартин Поповски ја продолжија соработката на уште две години или поточно до крајот на сезоната 2015/16.
Во моментов поранешниот ракометар на Пролет ја игра најдобрата сезона за швајцарскиот тим по трансферот во летото 2020 година. Од клубот се задоволни и му понудија нов договор кој нашиот ракометар го прифати.
„Секако дека сум задоволен од тоа што ја продолживме соработката. Во последните години успеавме да стигнеме да сме меѓу најдобрите четири во Швајцарија. Се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме и во иднина да ги нападнеме водечките позиции“, изјави Поповски.
„Со својот професионализам и посветеност и натпреварувачки дух, тој е пример за многу млади ракометари на тимот“, изјави спортскиот директор Габор Вас.