Отфрлена жалбата на Барселона, суспензијата за Витор Роке останува

218

Апелационата комисија на шпанската фудбалска лига ја отфрли жалбата на Барселона за вториот жолт картон на напаѓачот Витор Роке. Бразилецот беше исклучен во мечот против Алавес, а „каталонците“ веднаш поднесоа жалба затоа што сметаа дека е неправедно опоменат.
Апелација ја потврди одлуката на судијата што значи Роке ќе биде казнет со еден меч односно нема да игра против Гранада во сабота на „Монжуик“.
Од Апелација истакнаа дека клубот нема цврсти аргументи за да биде укинат картонот и потврди дека Роке го удрил противничкиот играч по ногата во дуелот за топка иако на снимката се гледа како играчот на Алавес реагира со лизгачки старт.

ПретходноКомисијата за натпревари го одржа редовниот семинар пред почетокот на вториот дел од сезоната
СледноФудбалски навивач во Англија е осуден на девет месеци затвор поради расизам