Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го скрати спиокот на кандидати за репрезентацијата од 35 на 20 ракометарки.
Македонија во март ќе одигра два меча (трето/четврто коло) од квалификациите за ЕП 2024. Противник на овие две средби ќе ни биде фаворитот за првото место во групата, репрезентацијата на Шпанија.
Во групата со Македонија и Шпанија се уште и репрезентацијата на Литванија и Азербејџан.