Жозе Мурињо е без работа откако Рома го отпушти кон средината на јануари годинава. Славниот португалски тренер бара нова средина, а во меѓувреме гостуваше во подкаст. Меѓу другото, тој откри кој играч би сакал да го тренира.
„Лионел Меси е пример. Не треба да се тренира. Кој може да каже: „Јас бев тренер на Меси? Мене тоа ми е апсурдно затоа што знае се и се родил со се. Можеби може да ги научи другите нешто. Би сакал да го тренирам чисто ако имам чест да се пофалам со тоа“, одговори Мурињо и додаде дека сака да ги тренира и Даниеле Де Роси, кој го наследи како тренер во Рома, и Франческо Тоти.
Да потсетиме, Меси (36) моментално настапува за Интер Мајами, американски клуб кој се натпреварува во МЛС и чиј тренер е Мартино. Мурињо, пак, е еден од најголемите тренери досега, а ги водеше Бенфика, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.