После долго време Купот на Македонија кој го носи името на кошаркарската легенда „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе се одржи надвор од Скопје. Домаќин е Пелистер, Биола од 15. до 17. февруари ќе биде во центарот на вниманието.
Домаќинот одлучи да направи вистински празник на кошаркарката, па цените на билетите ги направи популарни. За 300 денари ќе може да се проследат сите седум натпревари во „Боро Чурлевски“ аренат, додека пак дневен билет за четвртфиналните и полуфиналните мечеви ќе изнесува 100 денари. Билетот за финалето исто ќе изнесува 100 денари.
12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
14.30: Еуро Никел“ – Чаир 2030
17.00: Работнички – ТФТ Моцарт
19.30: Пелистер – Феникс 2010
Билетите ќе се продаваат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во вторник и во среда, како и на денот на натпреварите.