Ред Бул Лајпциг на гостувањето кај Аугсбург, во меч од 21.коло во Бундеслигата, одигра само 2:2, со што докажа дека и натаму не е излезен од резултатската криза која го “тресе“ во овој дел од шампионатот.
Не помогна ни Елиф Елмас кој во игра влезе во 68.минута место Дани Олмо.
Треба да се каже дека при резултат 2:2 во таа 81.минута Опенда не реализираше пенал.
На останатите мечеви од попладневниот термин, Франкфурт и Бохум одиграа 1:1, Агон Елези одново не беше во составот на гостите, а Хајденхајм како гостин успеа да го победи Вердер со 1:2.