Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Лил на „Паркот на принцовите“ со 3:1 (2:1) во дуелот од 21.коло од Лига 1.
Парижаните беа подобри и заслужено ги освоија бодовите. Интересно е што Јусуф Јазичи по само седум минути игра ги доведе гостите во водство. Но, набрзо потоа, Гонзало Рамос, а потоа и со автоголот на Александар, ПСЖ направи пресврт.
Третиот гол за ПСЖ го постигна Коло Муани на 10 минути пред крајот.
Килијан Мбапе го преседе натпреварот на клупата, поради повредата која ја заработи на мечот со Брест.