Пелистер на домашен терен славеше против Вардар со 27-21 во првиот меч од плеј-офот. Актуелниот македонски првак до победата дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. Капитенот, Филип Кузмановски беше најефикасен во редовите на својот тим, постигна осум гола.
„По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа.
Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Големо брагодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпервар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите“, изјави Кузмановски.