Тренерот на Абердин и Миовски имале договор пред мечот

2744

Бојан Миовски не застанува. Македонскиот репрезентативец ја продолжи својата голгетерска серија и против Бонириг Роуз во рамките од Купот на Шкотска. Неговиот тим славеше со 2-0, а Миовски беше стрелец на двата гола.

По оваа средба тренерот на Абердрин, Нил Ворнок, повторно зборуваше за македонскиот репрезентативец.

„Задоволство е да се соработува со него, мислам дека ќе видиме уште многу од Миовски. Работи многу, ретки се таквите напаѓачи во модерниот фудбал, плус игра со насмевка на лицето“, рече тој, а потоа откри што му кажал пред мечот. 

„Пред натпреварот му реков: Постигни два гола и ќе те извадам на полувреме. Или ако сакаш, ќе ти дадам уште 15 минути во второто полувреме за да стигнеш до хет-трик“. И тој постигна два гола. Си намигнавме кога ги постигна головите. Едноставно е топ стрелец. Секогаш сум се мачел со напаѓачите во мојата кариера. Сум имал добри голмани, добри централни дефанзивци, добри фудбалери од средниот ред, но никогаш не сум имал квалитетен напаѓач. Малку е иронично, но еве, сега на стари години, веројатно Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го имал“. 

ПретходноДрама во Сан Франциско: Нуркиќ и Грин во нова вербална пресметка (ВИДЕО)
СледноКлоп: Замислете го овој натпревар со син картон – Див Запад!