Клоп: Замислете го овој натпревар со син картон – Див Запад!

757

Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, откако неговиот тим го победи Барнли со 3:1 во 24. коло од Премиер лигата, прокоментира како ќе изгледаше ако натпреварот се играше со употреба на син картон.

„Замислите овој натпревар да беше со сини картони. Тоа ќе беше Див Запад. Сини картони ќе летаа на сите страни, двата тима ќе го завршеа мечот со по седум играчи“, рече Клоп по мечот.

Оваа недела голема полемика предизвика веста дека наскоро ќе биде воведен синиот картон во фудбалот. Овој картон би го покажал судијата на натпреварот во случај да смета дека играчот направил прекршок поради кој треба да ја напушти играта, но не до самиот крај на натпреварот. Сепак, тој прекршок не е црвен картон. Со синиот картон играчот би бил исклучен од игра на десет минути.

ПретходноТренерот на Абердин и Миовски имале договор пред мечот
СледноТабелата во плеј-офот: Алкалоид е лидер, Пелистер го симна Вардар на петтото место