Кари го прозва Нуркиќ: Неговите коментари се идиотски!

769

Стеф Кари во последната секунда погоди тројка и му донесе победа на Голден Стејт против Феникс (113:112), но тоа не е главна тема по натпреварот. Обично ваквите работи се во центарот на вниманието, иако овојпат тоа не беше случај. Зошто? Поради Јусуф Нуркиќ и Дрејмонд Грин. Во претходната пресметка меѓу двајцата Американецот го „патосираше“ Босанецот и поради тоа беше суспендиран на подолг период.

Ова беше нивниот прв дуел од тогаш и воедно главна тема за медиумите во Америка. Работите дополнително подгреа “Јусуф, кој по мечот имаше што да каже за Грин.

“Тажно е, тој ништо не научил човеку. Прашање на време е кога повторно ќе удри некого. Се што кажав претходно го враќам назад. Тој не заслужува шанса, тоа го кажувам. Се обидува да игра така, победија, ќе видиме што ќе се случи на нашиот следен натпревар“, рече Нуркиќ.

Неговите зборови новинарите на прес-конференцијата ги искористија за прашањата на Стеф Кари и Грин.

„Тој ни даде голема енергија и се што ни требаше за да победиме. Знам дека сите ќе зборуваат за идиотските коментари на Нуркиќ. Но, Дрејмонд знае да оди по таа линија, одигра меч на кој беше гласен и „огнен“, изјави Кари.

Тој продолжи да го брани својот соиграч и да го прозива Нуркиќ.

“Лесно е да се фрлаат камења, немам поим за што зборува, особено кога сте на погрешна страна. Јасно е дека е Грин му е во умот. Знаеме што се случи минатиот пат и дека беше суспендиран, тој период го искористи за да разбере некои работи. Сега го префрли на терен и го одигра натпреварот на високо ниво“, објасни Стеф.

ПретходноТабелата во плеј-офот: Алкалоид е лидер, Пелистер го симна Вардар на петтото место
СледноБрестовац го реши првакот на С.Арабија кој беше без пораз една година