Брестовац го реши првакот на С.Арабија кој беше без пораз една година

253

Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац направи бум во шампионатот во Саудиска Арабија. После триумфот во тамошниот Куп, Брестовац и неговиот Ал Сафа запишаа нова и тоа не било каква победа.

Овој пат му гостуваа на актуелниот првак, Ал Калеј во меч од првенството во оваа земја. Пред полни трибини, во доста неизвесен натпревар Брестовац и неговите момци славеа со 25-23 и му го нанесоа првиот пораз на бранителот на титулата после една година. Ал Калеј е актуелен првак и во азискиот шампионат.

На клупата на Ал Сафа, како помошник на Брестовац е Алексо Лембанов.

ПретходноКари го прозва Нуркиќ: Неговите коментари се идиотски!
СледноЗагрижувачки вести од Србија: Кариерата на Додиќ е под знак прашалник, преку ноќ загубил дел од мускулот