Кошаркар од Бахами е ново засилување на Еуро Никел

178

Екипата на Еуро Никел во продолжение на сезоната ќе биде посилна под обрачите. Кавадаречкиот прволигаш потпиша играч од Бахамите. Станува збор за Шакило Фриц, кој доаѓа од тимот на Динамо Букурешт каде неговиот просек не е импресивен, 3,6 поени и 2,4 скока за 13 минути во игра.

30-годишниот кошаркар има настапувано во Португалија и во Шпанија во ЛЕБ Силвер лигата.

Тој се очекува да настапи во четвртфиналето на Купот на Македонија, каде Еуро Никел ќе игра против Чаир. Инаку денеска кавадарчани го пречекуваат Работнички во меч од Првата лига.

ПретходноИзвршниот директор на Баерн ги откри плановите за Тухел по тешкиот пораз!
СледноЧаби Алонсо го растури Баерн, а по мечот покажа дека е вистински господин (ВИДЕО)