Исак Ромеро е херојот, Севиља по три години се израдува на победа над Атлетико

145

 

Со голот на Исак Ромеро, екипата на Севиља славеше победа над Атлетико Мадрид од 1:0 во рамките на Ла Лига. Со тоа андалузискиот тим ја прекина низата без триумф над „јорганџиите“ која трае од декември 2021 година.

Ромеро е првиот шпански фудбалер кој постигнал три гола во првите пет натпревари во Ла Лига со Севиља после Алваро Негредо во сезоната 2012/13.

Овој пораз го оддалечи Атлетико од борбата за титулата затоа што има 48 бода, 13 помалку од лидерот Реал Мадрид. Севиља е на 15-тото место со 23 бода.

ПретходноАталанта ја нокаутира Џенова и се врати во топ 4
СледноАндонова даде гол за победа, па заврши во болница поради повреда