Приказна за африкански херој: Му беше дијагностициран рак, помина низ хемотерапија и постигна гол за титулата!

196

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска стана шампион на Африка по трет пат во својата историја, откако во вчерашниот натпревар за титулата од Купот на нации ја совлада Нигерија со 2:1. Натпреварот се одигра пред 60.000 гледачи, а негов херој беше Себастијан Халер, кој во 81. минута го постигна победничкиот гол.

За помалку од две години, Халер мина низ пеколот и стравот за својот живот, кога му беше дијагностициран рак на тестисите.

Борусија Дортмунд во него најде замена за незаменливиот Ерлинг Халанд. Тој на 6 јули се пресели во Дортмунд. Дванаесет дена подоцна се почувствувал лошо на тренинг во Швајцарија. Тој веднаш беше испратен во Дортмунд, каде тестовите покажаа дека 28-годишниот голгетер има рак на тестисите.

Тој го пропушти поголемиот дел од сезоната поради операција и хемотерапија, но потоа се врати и стана клучен играч во ловот на титулата на Дортмунд. Ја предводеше Борусија со голови, ја задржа на првото место, а потоа во последниот натпревар од сезоната пропушти две клучни шанси во ремито 2:2 против Мајнц. Баерн го искористи ова и со победата од 2:1 кај Келн го израмни голгетерскиот учинок на Дортмунд и ја освои титулата.

Халер, барем досега, не успеа да стане херој на Дортмунд, но стана херој на својата татковина. Откако го постигна единствениот гол во полуфиналето на Африканскиот куп на нации против Конго, во финалето на континенталниот турнир, тој вчера комплетираше неверојатна приказна со гол достоен за титулата.

ПретходноВитомир Трајковски го освои сребрениот медал на ЕП во Тбилиси
СледноЃорческа и Стоилковска со напредок на ВТА листата, пад од четири места за нашите тенисери!