Денешниот скандал од сеуште незапочнатите Олимписки игри во Токио, не е поврзан со коронавирусот, туку со административната грешка на пливачкиот сојуз на Полска.
Имено, одговорните лига во овој сојуз направиле неправилна регистрација на шест пливачи, и тие нема да можат да настапат на игрите. Пливачите кои веќе извесно време се престојувале во Токио поради тренинзи и аклиматизација, веќе се вратиле дома, бесни, гневни и револтирани.
„ИЗразувам големо жалење, тага и горчина поради целата оваа ситуација поврзана со квалификациите и регистрацијата на нашите пливачи за овие игри“ – изјави претседателот на пливачкиот сојуз на Полска, Павел Сломински.