Македонскиот прволигаш Шкупи има нов фудбалер, а тој доаѓа од Фарските Острови. Неговото име е Јоан Симун Едмундсон кој игра на позиција напаѓач, а доаѓа од исландскиот клуб Акурејри.
Инаку претходно има играно за многу европски клубови меѓу кои резервниот тим на Њукасл, потоа Викинг од Норвешка, Вејле и Оденсе од Данска, Арминија Билефелд од Германија и белгиски Беверен.
За репрезентацијата на Ф.Острови има 85 мечеви и 8 голови.
„Мислам дека направив добра одлука, се убедив по средбата со играчите и тренерите. Дојдов во амбициозен клуб кој секоја сезони се бори за титула и за што подобар пласман во Европа, а исто така развива и млади фудбалери“, изјави Едмундсон кој потпиша договор до летото 2025 година.