Филип Бошковски (23), офанзивниот бек, од денеска и официјално е нов член на Самтредиа, тим од Грузија каде тренер е македонскиот стратег Димитар Капинковски.
Бошковски досега беше член на Работнички, а претходно има играно и за Пелистер. Тој во тимот од Дебар Маало беше 1,5 година, но сега е време за трансфер.
Оваа вест со промоција на социјалните мрежи ја потврдија и од раководството на Самтредија.