Не помина предлогот на гигантите: Серија А и натаму со 20 клубови!

168

Раководството на Серија А објави дека по денешниот состанок на клубовите, одлучено е и натаму оваа лига да има 20 клубови. Значи на денешниот состанок кој се одржа во Милано не поминал предлогот на Интер, Јувентус, Милан и Рома, Серија А да се намали на 18 клубови. На гласањето за намалување на лигата гласале – ЗА само овие четири клубови, додека останати биле и натаму да има 20 екипи во една од најсилните лиги во светот.

Овие четири клуба сакаа да си направат мини – Супер лига, но за среќа таквиот предлог не помина“ изјави по состанокот претставникот на Торино.

ПретходноПМФЛ: Со саботниот дуел Гостивар – Вардар стартува пролетната полусезона!
СледноКолку пари заработија играчите од Суперболот?