Трагични и страшни вести доаѓаат од Норвешка. Имено некогашниот фудбалер Мунир Хамад, Норвежанец со потекло од Мароко, на само 39 години почина од срцев удар. Трагедијата да биде уште поголема тој починал на својот прв работен ден како тренер на Стромгодсет, тим, за кого играше осум години.
Хамад како млад играл за младинските селекции на Норвешка, но никогаш не добил шанса да настапи за А-селекцијата.
Оваа вест ја потврдија и од самиот клуб изразуајќи сочуство на неговото семејство и неговите блиски.