Синот на легендата на Реал ќе игра со Меси во Интер Мајами!

2946

Во текот на зимскиот преоден рок во неколку наврати се споменуваше дека Федерико Редондо (21), инаку син на Фернандо Редондо, легендата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Аргентина, ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак тоа не се случи, малиот Редондо ја прифати понудата на Интер Мајами па така потпиша за овој клуб од МЛС и тоа значи дека ќе игра заедно со Лео Меси.

Ова го пишува фамозниот Фабрицио Романо кој вели дека се е договорено меѓу Редондо и Интер Мајами, дека останува уште да се договорат некои ситници. Инаку Редондо досега беше дел од тимот на Аргентинос Јуниорс.

Кога сме кај неговиот татко Фернандо Редондо, тој исто така млад играше за Аргентинос Јуниорс и потоа направи трансфер во Тенерифе, а во Реал и Милан во три наврати ја освои ЛШ.

Во свое време еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот.

ПретходноДејан Манасков: Едвај чекам да почне мечот со ПСЖ!
СледноЛШ: Спектаклот почнува, Елмас и “биковите“ го дочекуваат Реал Мадрид, Пеп и Сити на гости кај Копенхаген! (ФОТО)