Ламела во Севиља, Тотенхем го носи Хил

212

На подивок е сериозен дил на релација, Тотенхем – Севиља. Од Лондон кон Шпанија се упатува Ерик Ламела во трансферот на големиот шпански талент Брајан Хил во Тотенхем, за кој Премиерлигашот ќе уплати плус 25 милиони евра на контото на Севиља.

Очигледно дека Тотенхем планира да ја базира својата игра врз Хил кој игра на крилната позиција, а во исто време да се ослободи од Ламела, кој е далеку од она што некогаш беше. Тој е член на Тотенхем веќе осум сезони.

 

ПретходноВАР на Арената во Скопје во квалификациите за СП во Катар 2022!
СледноОИ во Токио би можеле да се откажат!