Уште еден Аргентинец ќе му се приклучи на Интер Мајами. Фудбалерот од средниот ред, Федерико Редондо ќе стане фудбалер на клубот од Мајами, а неговиот клуб Аргентинос јуниорс ќе добие 8 милиони евра како отштета. Исто така Аргентинос ќе добие 15% од наредниот трансфер на играчот.
Инаку Федерико Редондо (21) е син на поранешниот играч на Реал Мадрид и Милан, Фернандо Редондо. Овој играч кој се пензионираше летото 2004 година три пати ја освојуваше Лигата на шампионите.
(🌕) 𝐇𝐄𝐑𝐄 𝐖𝐄 𝐆𝐎: Federico Redondo to Inter Miami for $8M. @FabrizioRomano 🚨🇺🇸 pic.twitter.com/R6GcxwvFsJ
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) February 13, 2024