Мизерно: Политиката заборави на спортот, кој „умира“ во Македонија!

1492

Многу спортски клубови се соочуваат со згаснување, со клуч на врата со страв од иднината и опстанокот откако и официјално стана јасно дека државните институции фокусирани на сопствените интереси, тендери и шеми, го заборавија спортот и спортистите. Денеска се распушта Собранието на државава а со тоа и последната шанса да се изгласа законот за спорт, да се изгласаат ваучерите кои значат живот за многу спортски субјекти и за многу индивидуални спортисти.

Нема пари во буџетот за спортистите!

Тоа е главната причина за настанатата спортска-хаварија во Македонија каде илјадници спортисти добија шлаканица од актуелната власт во земјава која заборави на нив, спортските клубови и федерации.

За да биде мизеријата уште поголема, оваа наша држава овие институции кои ја водат истата направија тежок удар кон оние кои со гордост ја презрентираат нашата држава, кои се најголемите амбасадори на Македонија.

Оваа политичка гарнитура која за среќа ќе трае уште неколку дена ќе остане запаметена како уништувач на спортот во Македонија затоа што вакви политичари кои мислат само на сопствениот интерес, сопствените закони и тендери, не им требаат на спортстите.

Познавачите на приликите коментираат дека од денеска мнпогу спортови како одбојка, ракомет, кошарка па и фудбал ќе се соочат со тежок удар.

На пример, МЗТ Скопје имаше ваучер од 220.000 евра! Сума која е 30% од буџетот на клубот. Сега и покрај беспарицата првакот треба се соочува со дополнителен проблем и тоа во фаза од сезоната кога треба да се бранат титулите кога треа да се атакува кон враќање во АБА лигата.

Во фудбалот сите оние клубови од Првата и Втората лига се фаќаат за глава. Посебно во Втората лига сите останаа без половина од буџетот. Општинските пари не се доволни ниту за режиските трошоци.

Овој удар од Владата кон спортот се случува во 2024 година, во Олимписка година во година во која посакуваме медал, во вмреме кога „феноменалниот„ Даниел Димевски доби нов мандат и најави дека сите ќе му стојат мирно, но еве тој и неговите другарчиња што направија за спортистите и спортот во земјава.

Ги уништија…! Вакви одлуки, вакви потези и ваков удар може да направат само луѓе кои немаа остет, кои немаат образ и кои се дно од политичари.

ПретходноРаул Гонзалес е најголема ѕвезда од сите во ПСЖ (ФОТО)
СледноЈовиќ го одигра мечот на кариерата, неговиот тим ги шокираше Милвоки (ВИДЕО)