ВАР на Арената во Скопје во квалификациите за СП во Катар 2022!

956

Како што ивестува српскиот “Спортклуб“ во продолжение од квалификациите за СП во Катар 2022 година сите натпревари ќе мора да се играат и под ВАР системот. Имено УЕФА под итно ќе воведе видео – технологија од септември

се по она што се случи на мечот во Белград меѓу Србија и Португалија кога чист гол на Роналдо не беше признат.

УЕФА ова го прави на барање на ФИФА.

Тоа значи дека и кај нас, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во септемврските квалификациски мечеви ќе има ВАР. И тоа почнувајќи од мечот со Ерменија на 2 септември. Три дена подоцна играме со Исланд на гости, а на 8 септември домаќини сме и на Романија.

Досега во Македонија, и тоа во Скопје ВАР се користеше на бараж мечот со Косово за пласман на ЕУРО 2020.

ПретходноЛиверпул конечно се реши од Марко Грујиќ, напаѓачот е нов играч на Порто
СледноЛамела во Севиља, Тотенхем го носи Хил