„Ја чувствуваме енергијата од навивачите, пораките и коментарите кои ги добиваме се импулс за наши победи“

218

Пелистер игра нов меч пред полни трибини во својот дом, овој пат во салата „Боро Чурлевски“ гостува ПСЖ во меч од 11. коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак пред паузата запиша десет порази. Но, со промените во составот сите веруваат дека групната фаза можат да ја завршат со сензација.

Прва шанса за тоа е ПСЖ предводен од Раул Гонзалес, кој одлучи во Битола да дојде и со Никола Каработиќ, факт што го радува тренерот на битолчани Бранислав Ангеловски.

„Ни доаѓа една од најсилните екипи. Не можеше да имаме подобар тајминг од соочување со нив, по освоено ЕП и по наша победа во дерби над Вардар, искрено драго ми е што ќе дојде Карабатиќ. ПСЖ е еден од фаворитите за освојување на ЛШ, ќе пробаат да играат на фајнал-форот, а таму сите тимови имаат шанси. Ќе ми биде задоволство да се надигруваме со такви величини. Знам дека салата ќе биде преполна, ова ме потсетува на деновите од минатото, ја чувствуваме енергијата од навивачите, пораките и коментарите кои ги добиваме се импулс за наши победи“, вели Ангеловски.

Мечот меѓу Пелитсер и ПСЖ е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноИбрахимовиќ против Србија ќе се збогува со фудбалот!
СледноЈончевски го скрати списокот за дуелите со Естонија и Полска