Пелистер без Полјакот и Французинот, Раул со „убиствен“ состав

248

Пелистер денеска продолжува со предизвиците во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак тука има десет порази, а новите бодови ќе ги бара против фаворитот ПСЖ на домашен терен.

Салата „Боро Чурлевски“ безо се распродаде, па ракометарите на битолскиот тим ќе имаат максимална поддшка против фрнацускиот состав.

Бранислав Ангеловски го одреди составот за оваа средба. На голот повторно шанса нема да добие Марко Кизиќ, ќе бидат Урбан Лесјак и Калифа Гедбан, додека пак на теренот нема да бидат Руди Сери (повреден) и Матеуш Пјеховски. Полскиот ракометар се уште нема право на настап за Пелистер.

На другата страна Раул Гонзалес со убиствен состав ќе ја бара шестата победа оваа сезона, на чело на тимот е Никола Карабатиќ.

ПретходноТони Крос со шокантна изјава: Голот требаше да биде признаен!
СледноДимитар Мечкаровски: “Не сме задоволни од физичката подготвеност на одредени судии од главната листа“! (ФОТО)