Легендарниот германски фудбалер Штефан Ефенберг го истакна Реал Мадрид како прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.
Во изјава за германските медуми, Ефенберг нема дилеми дека „кралскиот клуб“ ќе стигне до самата завршница на најсилното европско натпреварување.
„Реал Мадрид е мој прв фаворит, но го следам и Интер. Тие се гладни, имаат навистина добар тим и сакаат да ја повторат минатогодишната трка до финалето. Нема да ги исклучам и шампионите Манчестер Сити, па потоа и Баерн“, вели 55-годишниот, некогашен репрезентативец на Германија.
На прашањето што го прави Реал (М) поразличен од другите фаворити, Ефенберг вели: .
„Комбинацијата на искусни ѕвезди и талентирани играчи гладни за победи. Карло Анчелоти е тренер кој е многу комотен во Мадрид и разбира која е неговата задача. Реал Мадрид можеби дури и имаше среќа што Карим Бензема си замина за да дојде до израз Винисиус Жуниор и другите помлади играчи. Реал Мадрид сè уште ја има таа глад за победи. На крајот на краиштата, тие се Реал Мадрид, тие се веќе легенди“, изјави поранешниот капитен на Баерн.