Пелистер не успеа да приреди сензација. И во 11. коло во Лигата на шампиони, актуелниот македонски првак беше поразен, овој пат од силниот состав на ПСЖ со 25-31 (9-15). За избраниците на Бранислав Ангеловски ова е 11-ти пораз во исто толку одиграни натпревари.
На овој меч во дресот на Пелистер дебитираше Манасков, кој се запиша во листата на стрелци постигна три гола. Исто толку погодоци имаа Пешевски, Ѓорговски и Радивојевиќ. На другата страна Шипжак имаше седум гола, еден помалку запиша Соле.
Одбраната на ПСЖ беше одлично поставена, како „берлински ѕид“, битолчани на почетокот тешко доаѓаа до позиција да постигнат гол. Гостите отворија со 1-5, не реализираа два напади, на другата страна македонскиот првак со головите на Радивојевиќ и Кузмановски успеа да намалу на 3-5 во деветата минута, со што ја вратија вербата кај своите фанови.
Соле со два гола и Карабатиќ со еден зголемија на највисоки 3-8 во 14 минута, период во кој битолскиот тим играше без идеја. Ангеловски повика тајм-аут, после долго време Пелистер реализираше преку Пешевски за 4-8 на средината на првиот период. ПСЖ лесно ја одржуваше позитивата, во 23 минута за првпат поведе со плус седум (6-13), беше и 7-14. На одморот резултатот беше 9-15.
Со голот на Стејнс, ПСЖ ја врати позитивата плус седум (9-16). Иако Пелистер играше многу прамноправно во првите десет минути, сепак францускиот првак во 44. минута поведе со највисоки 14-23, период во кој Пелистер не успеа да реализира три седмерци. ПСЖ поведе и со девет гола разлика (14-23), доволно за мирен финиш и рутинска задача за избраниците на Гонзалес. На другата страна поголема минутажа од вообичаената добија Танкоски и Ѓорговски.
Во следното коло, македонскиот тим го чека нова тешка задача, му гостува на Кил.