Куп на ОФМ: Фаворитите без загубен сет до полуфинале

272

Без загубен сет, фаворитите лесно си ја завршија и четвертфиналната обврска во Купот на Македонија и обезбедија место во полуфиналето. Синоќа се одиграа шест од осумте дуели во четвртфиналната фаза на Купот на ОФМ во машка и во женска конкуренција, а домашните екипи кои ја имаа улогата на привилегирани, успеаја со максимални 3:0 да ги решат сите средби во своја полза.

Во машка конкуренција екипите на Струмица, Работнички 71&22 и Штип УДГ се полуфиналисти, додека последното место ќе го пополни подобриот од дуелот меѓу Лирија и Универзитет во Тетово кој беше одложен и ќе се одигра во нов термин.

Кај дамите, лидерот Струмица, заедно со Работнички и Наковски Волеј обезбедија место во битката за куп-трофејот, а вечерва треба да им се приклучи и последната екипа, која ќе ја бараме меѓу Јанта Волеј и Фит Фан Волеј кој својот дуел ќе го одиграат од 20 часот.

Куп на Македонија (мажи) – четвртфинале

Работнички 71&22* – Шкендија             3:0 (25:15, 25:16, 25:22)

Струмица* – ГОК Борец                        3:0 (25:14, 25:16, 25:21)   

Штип УГД* – Весна Пробиштип             3:0 (25:20, 25:17, 25:9)

Лирија – Универзитет во Тетово          (одложен)

Куп на Македонија (жени) – четвртфинале

Работнички Скопје* – Вардар ЕМ          3:0 (25:22, 25:13, 25:20)

Јанта волеј – Фит фан волеј                (четврток, 20.00)

Наковски волеј* – Младост УГД            3:0 (25:22, 25:21, 25:18)

Струмица* – Пелистер волеј                 3:0 (25:13; 25:22; 25:14)

ПретходноСакраменто се врати од минус 16 и повторно го победи Денвер
СледноЕдно лице загина, 15 се повредени на прославата на титулата на Канзас во НФЛ (ВИДЕО)