Барселона на „крилата“ на Нилсен, драма во Полска без победник!

390

Барселона дојде до 10 победа оваа сезона во групната фаза во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант без проблем славеше на гости кај ГОГ со убедливи 23-30. Во центарот на вниманието се најде Емил Нилсен, кој запиша 20 одбрани.

ГОГ имаше водство само на стартот на мечот, а потоа целосната доминација им припадна на гостите кои на одморот водеа со 17-14.
Ричардсон постигна шест гола, еден помалку имаше Мем, на другата страна Мадсен имаше шест гола.

Во истата група Б, Монпеље на домашен терен беше убедливо подобар од Целје со 32-21.

Во Полска имаше драма. Кјелце и Кил одиграа без победник 36-36 (15-17). На осум минути до крајот, домашниот тим имаше позитива од 34-32, но гостите преку Билик се вратија во дуелот, изедначија на 34-34. По голот на Карачиќ за 36-35, на другата страна Екберг изедначи на 36-36 за голема радост во своите редови.

Алекс Душебаев и Турна имаа по седум погодоци кај Кјелце, во редовите на Кил исто број на погодоци имаше Јохансон.

ПретходноПи Џеј Такер ги напушти ЛА Клиперс за да го „рестартира умот“?!
СледноПотврдено: Брентфорд си купи напаѓач од Бриж