Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни, планира да се проба во боксерскиот ринг.
Легендата на Манчестер Јунајтед си ја испроба среќата како тренер и менаџер, но очигледно не успеа да се наметне со својата работа. Тој беше отпуштен од Бирмингем на почетокот на јануари по само 15 натпревари на чело на тимот.
Руни веќе е во преговори со промоторот на боксерската серија Influencer на KSI, Кале Зауерланд.
Вејн е страствен љубител на боксот. Во 2015 година, се појави видео на кое тој спарира со соиграчот од Јунајтед, Фил Бардсли.
Вејн пред извесно време испрати порака до врвниот промотор Еди Херн, барајќи од него да му организира натпревар.