Барселона ќе бара одземање на титула на Реал Мадрид поради кошаркар со фалсификуван пасош

450

Шпанските медиуми објавија вест дека Барселона ќе бара одземање на титулата на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид од 2015 година поради тоа што за нив играл кошаркар со фалсификуван пасош.

Утврдено е дека во 2015 година во дресот на Реал со фалсификуван пасош на Екваторијална Гвинеја играл кошаркарот Маркус Слотер, на кого сега му се суди поради тој прекршок. Ако Слотер биде прогласен за виновен, тогаш Барселона ќе испрати барање за одземање на шампионската титула и трофејот од Купот на Кралот на најлутиот ривал.

Таа сезона во Ендеса лига, Слотер одиграл 13 меча за Реал. Спорниот пасош Слотер го добил три дена пред почетокот на Купот на кралот, а поради договор усвоен од ЕУ, Слотер се водел како домашен играч во Шпанија со тој пасош.

Слотер признал дека пасошот го платил 35.000 евра во кеш преку поранешниот кошаркар на Реал, Ричард Нгуема кој имал врски во Владата на Екваторијална Гвинеја. Амбасадата на Екваторијална Гвинеја исто така потврдила дека пасошот на Слотер е лажен.

 

 

ПретходноСмилковски: Еден од судиите не беше достоен за четвртфинале
СледноХоџсон заминува од Кристал Палас, а на негово место доаѓа екс-тренерот на Ајнтрахт