Репрезентацијата на Македонија “Под 20“ години попладнево во Шопрон (Унгарија) славеше убедлива победа против Луксембург со 73-57 (15-15, 22-20,12-12,24-10). Ова беше прв меч за избраниците на селекторот Тони Симиќ на ФИБА „Челенџер“ турнирот. Речиси во поголемиот дел против Луксембург се водеше израмнета битка, барем на резултатски план. Но тогаш кога беше најпотребно, моцмите на Симиќ во таа четврта четвртина одиграа далеку подобро и резултатски се “одлепија“, па затоа и дојде таа победа со 16 поени разлика.
Најефикасен во нашиот состав беше Димитриовски со 17 поени, 13 пак забележаа Митевски и Иванов.
Македонија се наоѓа во групата Д, сега следуваат натпреварите со Романија и Швајцарија.