ЛК: Динамо Загреб го изненади Бетис, Ајакс се спаси со два гола во судиското продолжение

410

Екипата на Динамо Загреб приреди изненадување во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на конференции со тоа што славеше на гостувањето кај Бетис со 1:0. „Модрите“ немаа многу можности да го загрозат голот, а единствената опасна ситуација ја претворија во гол. Еден играч на Бетис играше со рака поради што судијата досуди пенал.

Бруно Петковиќ ја затресе мрежата во 76 минута. Во финишот на мечот Бетис се обидуваше да изедначи, но дефанзивците на чело со голманот Невистиќ беа на висина на задачата. Во 87 минута Вилијан Хозе ја погоди стативата по шут од слободен удар.

Цел меч за Динамо одигра Стефан Ристовски кој беше и капитен по излегување од игра на Петковиќ во вториот дел.

А Ајакс беше пред пораз на домашен терен против Бодо/Глимт. Норвежаните водеа со 2:0 до самиот финиш, а во судиското продолжение Ајакс постигна два гола и одигра реми. Гронбек ги постигна двата гола за Бодо/Глимт, едниот во првото, а другиот во второто полувреме. Ајакс намали во 91 минута преку Ван ден Бумен од пенал, а изедначи преку Бергуис во 97 минута.

На другите натпревари од вечерниот термин Макаби Хаифа-Гент 1:0 и Сервет – Лудогорец 0:0.

ПретходноАталанта продаде рекордер во Серија А на клуб од МЛС
СледноВеспрем им нанесе тежок пораз на Митревски и Порто