ЛК: Милан го растури Рен, сензационален триумф на Карабах во Брага

485

Фудбалерите на Милан со убедлива победа против францускиот Рен 3:0 ја отворија нокаут-фазата во Лигата на Европа и направија чекор напред кон осминафиналето. Мечот беше отворен со пречка на Рафаел Леао, а по пола час Рубен Лофтус-Чик погоди со глава по нафрлување на Флоренци од десната страна.

На самиот старт на второто полувреме повремениот англиски репрезентативец го постигна вториот гол на натпреварот, а сега на асистенција на Симон Кјер. А во 53 минута Леао и Хернандез одиграа убава акција, по која Бразилецот погоди за конечни 3:0.

А Карабах од Азербејџан направи сензација со победата од 4:2 на гостувањето кај Брага. Азербејџанскиот првак имаше предност од 4:1 до финишот, а во 91 минута намали Мутињо од пенал.

Бенфика го победи Тулуз со 2:1, а двата гола ги постигна Ди Марија од пенал со тоа што победничкиот во осмата минута од судиското продолжение.

Ленс и Фрајбург одиграа без голови.

 

ПретходноВеспрем им нанесе тежок пораз на Митревски и Порто
СледноРистовски по триумфот во Шпанија: Покажавме што Динамо значи за хрватскиот фудбал