Динамо Загреб се враќа од Севиља со предност од 1:0 стекната против Бетис во првиот меч од 1/16 финалето на Лигата на конференции. Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски во второто полувреме ја носеше и капитенската лента. Голот го постигна Петковиќ од пенал, а одбраната успеа да ја сочува мрежата во налетот на играчите на Бетис.
„Голема победа. Мило ми е што покажавме карактер кога беше најтешко. На пола пат сме, мораме да одиграме паметно уште 90 минути. Одлично одигравме, изгледавме цврсто, им ги прекинувавме контранападите. Имаа многу шанси, а на крајот ние погодивме од пенал.
Динамо долги години игра во Европа. Тие работи многу малку се ценат и се забораваат. Мило ми е што покажавме што Динамо значи во хрватскиот фудбал. Ние ќе продолжиме да молчиме и да работиме“, изјави Ристовски за „Арена спорт“.